„Колкави се шансите да останам во ПСЖ наредната сезона? Во овој момент шансите се 100% да останам, истото важи и за Килијан Мбапе“, ова го изјави Маурисио Покетино пред два дена на прашањето за неговата иднина и предизвика бура од реакции во јавноста.
Ваквата изјава на Покетино ги израдува навивачите на ПСЖ кои се понадеваа дека има договор за продолжување на соработката со Мбапе. Меѓутоа на изјавата на Покетинот реагираше Карло Анчелоти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Покетино изјавил дека Мбапе останува 100%? Добро, но тренерите понекогаш не ја зборуваат вистината…“, изјави вчера Анчелоти.
Аргентинскиот стратег очигледно ја видел изјавата на Анчелоти и одлучи да с поправи.
„Јас сум кажал дека јас и Мбапе 100% остануваме во клубот наредната сезона? Не! Зборував за сегашноста“, истакна Покетино.