Дома Фудбал Познат терминот за првото Ел Класико, навивачите бесни

Познат терминот за првото Ел Класико, навивачите бесни

Раководните луѓе на Примера денес го објавија терминот на одигрување на првото Ел Класико во сезоната.

Навивалите на Реал и Барселона, како и сите неутрални љубители на фудбалот се разочарани бидејќи Ел Класико ќе се игра во дневен термин.

Дербито од 10-то коло во Ла Лига на програмата е на 24 октомври, а ќе се одигра во 16:15 часот, што е неприкладен термин за еден од најголемите натпревари во светот.

Повторно Ла Лига се прилагоди на азискиот пазар, па таму ќе уживаат навечер во дербито кое се игра на „Камп Ноу“.

Ова ќе биде прво Ел Класико со публика на трибините уште од 1 март 2020 година, кога Реал и Барса играа на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го следи со месеци, Флик го сака во Барса: Штутгарт бара 40 милиони за Јелч

Фин Јелч е на радарот на Интер и Барселона, но Штутгарт поставува висока цена. Миланскиот …