Дома Македонски спорт Мак ракомет Познато кога Еурофарм Пелистер и Вардар ќе решаваат за титулата во Македонија

Познато кога Еурофарм Пелистер и Вардар ќе решаваат за титулата во Македонија

Главните кандидат за титулата во македонското ракометно првенство, Еурофарм Пелистер и Вардар ќе ја водат главната битка за титулата на 1. мај.

Еурофарм Пелистер победи во Скопје на последниот натпревар и има предност пред најголемиот ривал. Се освен победа за Вардар во Битола ќе значи титула за домашниот состав.

На титулата пелистерци чекаат цели 17 години, а во својата историја ги имаат вкупно седум, Вардар е рекордер со 14 освоени трофеи.

Ќе потсетиме, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе бидат главните ривали и за титулата во Купот на Македонија за кој ќе се борат на фајнлфор турнирот во Кавадарци кој е на програмата од 13. до 15. мај.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Дамјановиќ на радарот на Вардар, Пелистер ја следи шансата за Лумбросо

Двата македонски ривали разгледуваат засилувања од Партизан, кој се соочува со сериозна кр…