Дома Фудбал Познати се деталите за повредата на Килијан Мбапе

Познати се деталите за повредата на Килијан Мбапе

Мбапе имаше еден контакт со Адил Рами на вчерашниот тренинг, по што тој остана да лежи на требата, а потоа замина во соблекувалната.

Првите прогнози беа дека ќе пропушти барем неколку натпревари на Светското првенство, некои тврдеа дека за младиот напаѓач на ПСШ турнирот е завршен, но сепак станува збор за полесна повреда.

Мбапе доби удар во зглобот на местото каде што и претходно беше повреден, но тоа нема да го спречи да заигра во првиот натпревар од Светското првенство против Австралија, се разбира доколку Дидиер Дешамп го вклучи во составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Фиорентина: Понграчиќ паузира, неизвесен и за Хрватска

Повредата на десниот бут го оддалечува Марин Понграчиќ од терените. Италијанските медиуми …