Дома Трансфер зона Познати и деталите: Арсенал изненадувачки на чекор од фантастично засилување!

Познати и деталите: Арсенал изненадувачки на чекор од фантастично засилување!

venger

Познато е се, оштета, причината за заминувањето, дали ова е она што му недостасуваше на Арсенал?

Тимот на Арсенал наскоро ќе го реализира трансферот на Стивен Нзози од редовите на Севиља.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот портал „Ел Гол“ ги објави сите детали, трансферот ќе изнесува 32.7 милиони фунти и уште 2.6 милиони како бонуси.

Причината за разделбата со Севиља е конфликтот со тренерот Едуардо Берицо на полувремето од натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите пред три недели, кога и Берицо на фудбалерите им ја соопштил информацијата за неговата болест.

„Тренерот на полувремето го впери прстот кон мене. Не сакам да ги повторувам зборовите, но можам да кажам дека ме погодија.  Јавно ми стави до знаење дека во иднина ќе ги користи само фудбалерите кои се вклопуваат во неговата визија. Сега е јасно дека мојата иднина е далеку од Севиља“, изјави Нзози.

Назози сигурно ќе биде одлично засилување за Арсенал, на позицјата последен играч за врска каде што за место ќе се бори со Гранит Џака и Арон Рамзи.

Наскоро се очекува и целата работа да биде официјализирана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…