Дома Трансфер зона Познати деталите од понудата: Кавани се поблиску до Интер

Познати деталите од понудата: Кавани се поблиску до Интер

Интер е во интензивни преговори со напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани, пренесуваат италијанските медиуми.

Кавани на крајот од сезоната ќе стане слободен играч и веќе некое време за него се борат неколку европски клубови, но Интер важи за фаворит за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бидејќи Мертенс одлучи да ја продолжи соработката со Наполи, Интер се сврте кон други опции, па како идеално решение се наметна уште еден искусен напаѓач.

Конте смета дека Кавани одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра, особено поради фактот што има големо искуство во Серија А.

Медиумите откриваат дека Интер на Кавани му нуди 2-годишен договор тежок 8 милиони евра по сезона и Уругваецот е спремен да ја прифати понудата и да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…