Јирген Клоп во октомври 2015. година пристигна во Ливерпул.
Германецот последните сезони е одличен со Црвените, а круна на сето тоа беше титулата во ЛШ која Ливерпул ја освои минатата сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред доаѓањето на Енфилд, Клоп седум години ја предводеше Борусија Дортмунд, а во тоа време многу од големите клубови сакале да го ангажираат.
Поранешниот играч на Ливерпул, Роби Фаулер призна дека Клоп пред неколку години му кажал дека ги одбил Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
„Направив интервју со него пред неколку години, а тој ми кажа дека одбил неколку супер богати клубови. Еден од нив е дефинитивно Манчестер Јунајтед, а другиот веројатно Реал Мадрид бидејќи не му се допаднало тоа што биле фокусирани исклучиво на комерцијалните работи.“ – изјави Фаулер.
„Ми кажа дека му се допаѓа Ливерпул бидејќи има рамнотежа помеѓу парите потребни за достигнување на врвот, историјата и идентитетот на клубот и нивните навивачи.“ – додаде легендата на Ливерпул.