Дома Фудбал Германија Поголем и од Реал Мадрид: Најлошиот клуб од Бундес лигата има 100.000 членови!

Поголем и од Реал Мадрид: Најлошиот клуб од Бундес лигата има 100.000 членови!

Иако се наоѓа на самото дно во Бундес лигата Келн стигна до бројката од 100.000 членови и стана четвртиот германски клуб кој ја достигнал таа бројка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Водечкиот Баерн Минхен има 284.000 членови, следат Борусија Дортмунд со 150.000 и Шалке со 145.000 членови, а бројката од 100.000 ја достигна и Келн кој интересно има повеќе членови од Реал Мадрид (92.000).

Честа да стане 100.000-от член на клубот ја имаше 13-годишниот Јан Синдерман кој од клубот доби низа поклони меѓу кои и дрес со бројот 100.000.

Келн во понеделникот оддржа клупско собрание на кое присуствуваа 6.500 членови, па мораше да се одржи во спортска сала.

„Пред неколку години имавме само 50.000 членови, а сега стигнавме до волшебната бројка од 100.000. Тоа само покажува какви фантастични навивачи имаме“, изјави претседателот Варнер Спинер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…