Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба има посебна желба да заигра заедно со Бразилецот од Пари Сен Жермен, Нејмар.
Нејмар минатото лето за сума од 222 милиони евра од Барселона премина во редовите на ПСЖ и така стана најскапиот фудбалер во историјата, а своевремено таа титула ја носеше Пол Погба кого Манчестер Јунајтед го доведе од Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Погба призна дека еден ден сака да заигра во ист тим со Нејмар кој во 30 настапи во сите натпреварувања оваа сезона постигна 29 погодоци, но неодамна заработи тешка повреда.
„Знам дека во Бразил фудбалот е се. За нив тоа е живот. Сите во таа земја играат фудбал. Кога гледам како играат на терен и уживаат во тоа се ви станува јасно. Кога ќе кажете Нејмар било каде на светот сите знаат кој е и што е знае. Би сакал еден ден да играм заедно со него во ист тим“, изјави Погба.