Пол Погба е главна трансфер цел на Јувентус ова лето, пренесуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во последните неколку месеци се појавија многу шпекулации околу играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, и медиумите тврдат дека Погба ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“.
Неговиот агент Мино Раиола во неколку наврати потврди дека Французинот сака да го напушти клубот, а најсилен интерес за него покажуваат Реал Мадрид и Јувентус.
Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи работи на трансферот и сака во зделката да ги вклучи Арон Рамзи и Даглас Коста.
Манчестер Јунајтед постави цена од 100 милиони фунти за Французинот, па поради тоа „бјанконерите“ сакаат да ја намалат цената со вклучување на свои фудбалери кои се интересни за клубот од „Олд Трафорд“.