Дома Фудбал Англија Погба го чинел Манчестер Јунајтед повеќе од милион евра по натпревар

Погба го чинел Манчестер Јунајтед повеќе од милион евра по натпревар

Манчестер Јунајтед потврди дека Пол Погба ќе замине од клубот како слободен играч на крајот на месецот.

„Дејли Мејл“ открива дека поради тоа Манчестер Јунајтед ќе треба да му исплати бонус за лојалност на Погба во износ од 3,78 милиони фунти (околу 4,4 милиони евра) кога Французинот ќе си замине на крајот од месецот.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Погба во 2016 година се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед за клупски рекорд од 105 милиони евра, но не ги оправда очекувањата на „Олд Трафорд“.

Медиумите пресметаа  дека Пол Погба го чинел Манчестер Јунајтед околу 256 милиони евра кога ќе се собере обесштетувањето, провизијата за Мино Раиола и платата плус најразличните бонуси од изминативе пет години.

Пресметано тоа е 1,13 милиони евра по натпревар, Погба одигра 226 натпревари или 6,6 милиони евра за секој од 39 постигнати голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Moдриќ го праша Амерканецот од Милан дали зборуваа хрватски – доби урнебесен одговор!

Легендарниот хрватски играч за врска Лука Модриќ ова лето направи трансфер од Реал Мадрид …