Дома Трансфер зона Повеќе нема дилеми: Верати го потврди трансферот на Донарума во ПСЖ

Повеќе нема дилеми: Верати го потврди трансферот на Донарума во ПСЖ

Откако во претходниот период ПСЖ ги потврди трансферите на Ашраф Хакими и Серхио Рамос, следен кој ќе биде претставен е голманот Џанлуиџи Донарума.

Трансферот на Донарума во Париз се најавува подолго време, а сега сите сомнежи се отстранети затоа што Марко Верати потврди дека неговиот сонаородник ќе игра за ПСЖ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Верати е среќен што Донарума ќе му биде соиграч во ПСЖ.

„Донарума е фантастичен голман и заслужува да игра во врвен клуб кој се бори за освојување на Лигата на шампионите. Среќен сум што ќе бидеме соиграчи и во ПСЖ“, изјави Верати.

Официјализација на трансферот сигурно ќе следува после неделното финале на Европското првенство во кое

Донарума со својата Италија ќе игра за трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…