Дома Топ вести Планот на Реал е јасен: Мбапе и Халанд во „пакет“

Планот на Реал е јасен: Мбапе и Халанд во „пакет“

Реал Мадрид има големи планови за следното лето и сака да ги донесе двајцата најдобри млади фудбалери во светот, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Мбапе е цврст во намерата да се пресели во Реал Мадрид и ги одбива сите понуди на ПСЖ за продоложување на соработката, па на лето ќе биде слободен агент.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе веќе има договор со „кралевите“ и на лето ќе пристигне на „Сабтиаго Бернабеу“ како слободен агент без обештетување.

Реал исто така работи и на трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, кој следното лето ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра.

Иако двајцата фудбалери ќе имаат астрономски плати, сепак шпанските медиуми пренесуваат дека Реал ќе има финансиска моќ за да ги реализира двата трансфери, бидејќи ќе се ослободи од неколку фудбалери со големи плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан и Тотенхем блиску до договор за Емерсон

Милан и Тотенхем се блиску до договор за трансфер на десниот бек Емерсон Ројал, пренесуваа…