Бразилскиот фудбалер Нејмар договори трансфер во Ал Хилал од Саудиска Арабија, каде што ќе замине за 100 милиони евра, но по две сезони планирал да се врати во Барселона.
„Л’Екип“ објави дека Нејмар ќе заработи околу 320 милиони евра плус бонуси за две години во дресот на Ал Хилал, каде што треба денеска да биде промовиран како ново засилување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нејмар планирал за две години да си замине бесплатно од Ал Хилал и да потпише за Барселона со цел да влезе во ритам пред Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Бразилецот играше претходно за Барселона од која си замина во 2017 година за 222 милиони евра и стана најскап фудбалер во историјата.