Навивачите на Ливерпул сигрно овие денови се едни од најсреќните затоа што неодамна станаа шампиони на Европа.
Во одличната за мадритска вечер во Лигата на шампионите во не посебно атрактивен натпревар на двата тима пехарот заврши на „Енфилд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од оние кои понатаму се радуваат е Питер Крауч, поранешниот репрезентативец на Англија кој своите најдобри денови ги помина во Ливерпул.
Него го дочека уште една убава вест. Сопругата Ебигеј му роди син, а тој сакал да му даде име по стрелецот на вториот гол во финалето Дивок Ориги.
За жал на Крауч неговата сопруга немала толкав ентузијазам и идејата пропаднала.
„Нашето одлично момче се роди на 3-ти јуни, мајката и сино Дивок Самрат Крауч се добро“, изјави фудбалерот, а потоа пристигна поинакво објаснување.
„Бебето ни е одлично, но неговото име се уште не го знаеме бидејќи за жал Абс не е за Дивок Самрат“, стои во објавата на неговиот Твитер профил.
Our boy is beautiful the name is still to be clarified unfortunately Abs not going for Divock Samrat
— Peter Crouch (@petercrouch) June 4, 2019