Дома Фудбал Италија Пирло: Играчи како мене повеќе не постојат!

Пирло: Играчи како мене повеќе не постојат!

Легендарниот италијански фудбалери, Андреа Пирло во интервју за италијанската репрезентација вечи дека е импресиониран од младата генерација, но тврди дека во моментов не постои плејмејкер со неговите карактеристики.

„Луѓето го споредуваат Верати со мене, Марко навистина ми се допаѓа, но имаме различни стиови на игра. Искрено, не гледам фудбалер кој игра на начин на кој играв јас. Има многу талентирани играчи за врска, но нема тип на плејмејкер како мене. Ми се допаѓа и Гаглиардини од Интер, но и тој има поинаков стил од мојот“, изјави 37-годишниот Пирло, кој моментално игра во МЛС лигата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Покрај Верати, кој веќе остави трага и на клупско ниво, ми се допаѓаат Берарди од Сасуоло, Џанлуиџи Донарума, потао дефанзивците Ругани и Ромањоли како и Федерико Бернардески од Фиорентина. Италија има навистина квалитетна генерација“, заклучи Пирло.

На прашањето што им е потребно на италијанските клубови за успех, Пирло одговори:

„Секогаш велам дека фундаментално е да имате јако јадро на италијански играчи. Тоа го имаше Милан и затоа освојувавме многу титули, исто е сега со Јувентус, како и со Интер кој имаше основа од аргентински играчи кои се чувствуваа како Италијанци. Кога постои такво јадро, останатите се угледуваат на нивниот пример и тогаш сите работат за иста цел“, тврди еден од најдобрите плејмејкери во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…