Дома Фудбал Пике: Тешко дека ќе ја освоиме Ла Лига

Пике: Тешко дека ќе ја освоиме Ла Лига

Стоперот на Барселона, Жерар Пике смета дека неговиот тим после ремито со Севиља е подалеку од титулата во Ла Лига.

Барселона вчера гостуваше кај Севиља и на крај одигра само 0:0 и Реал Мадрид вечерва има прилика бодовно да се изедначи со Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мислам дека тешко можеме да ја освоиме Ла Лига. Ќе направиме се што можеме, но претпоставувам дека Реал Мадрид нема да изгуби многу бодови. Работата не е повеќе во наши раце. Од она што го видовме во претходните два натпревари ќе ни биде тешко да дојдеме до титулата“.

„Имавме шанси го контролиравме натпреварот, но Севиља се покажа како вистински тим, всушност тие се трети на табелата. Имаат сила и квалитет. Ремите не стави во позиција да не зависиме само од самите себе“, изјави Пике.

Веќе во вторник навечер Барселона ќе го пречека Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен скаут на Реал жестоко удри по Винисиус: Тој нема мозок!

Поранешниот скаут на Реал Мадрид, Маноло Ромеро, остро го критикуваше Винисиус Жуниор по д…