Барселона синоќа доживеа тежок пораз од Баерн Минхен на домашен терен во Лигата на шампиони.
Моќната Барселона е веќе минато, па Каталонците признаа дека овој тим нема доволно квалитет да им се спротистави на најдобрите екипи во светот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Пике после мечот упати јасна порака до навивачите дека не требало да ги исвиркаат фудбалерите на Барселона.
„Многу е болно да се слушнат исвиркувањата за Сержи Роберто. Тој не е крилно, но игра на таа позиција бидејќи е спремен да се жртвува за тимот. Луѓето се слободни да го кажат своето мислење, но свирежите не ми се допаѓаат, бидејќи не помагаат на никого. Го познавам Сержи, тој е добра личност и многу ме боли од оваа реакција“, изјави Пике.