Се пласираа во финалето од шпанскиот куп, но двете нерешени средби во низа во Примера го вклучија алармот на „Камп Ноу“ и тоа на само осум дена пред гостувањето на „Стенфорд Бриџ“ во Лигата на шампионите.
Барселона оваа година веројатно го имаше најдобриот зимски преоден рок во својата историја, пристигнаа Фелипе Кутињо и Јери Мина, додека распродадени беа фудбалерите на кои Ернесто Валверде не сметаше – Арда Туран, Жерар Делофеу, Рафиња и Хавиер Маскерано.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа последните 10 дена покажаа дека Барселона е во криза, а ова се пет можни причини поради кои тоа е така.
1. Пеколниот календар
Барселона тим кој одиграл најмногу натпревари во Европа од 1 јануари, дури 12. Во период од само шест недели, Барса играше „нон стоп“ четврток – недела и тоа сигурно дека се одразило на свежината на најдобрите играчи.
2. Меси и Суарез
Кога на Аргентинецот и Уругваецот им недостадува свежина и ги стигнува уморот нема кој да искочи во прв план. Ова е прв пат од кога се заедно во Барса на два натпревари ни едниот, ниту другиот да не постигнат барем еден погодок.
3. Паулињо
Проблем е што Паулињо е трет стрелец во екипата, а тоа најмлаку треба да биде негова задача. Бразилецот и тоа како падна во тој сегмент, на осум натпревари тој не постигна ниту еден погодок.
4. Второто полувреме
Повеќе од било кога Барселона не е во состојба да го реши натпреварот во првите 45 минути. Барса во последно време влегуваше во неизвесни и тешки завршници кои влијаеа на уморот во екипата. Против Бетис дури во вториот дел Каталонците го скршија отпорот, против Алавеш правеше пресврт, со Еспањол извлече бод, додека Гатафе успеа да издржи до крај.
5. Адапатацијата на Кутињо и Дембеле
Најскапите засилувања во историјата на клубот се уште се адаптираат на системот на играч. Да, Кутињо ја однесе Барселона во финалето со голот во реваншот против Валенсија, но се уште недостасува неговото поголемо влијание. Дембеле после опоравувањето во натпреварот против Гетафе се покажа дека е далеку од вистинската форма.
Барса сега конечно има одмор преку работната недела, во сабота му гостува на Еибар, потоа следи и натпреварот против Челси на „Стенфорд Бриџ“.