Нема дилеми кој е најголемиот натпревар овој викенд во Премиер лигата. Секако тоа е големото дерби кое на „Олд Трафорд“ ќе го одиграат Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Овие две екипи во овој момент се наоѓаат на второто и третото место на табелата во Премиер лигата. Имаат ист број на бодови, но Манчестер Јунајтед има нешто подобра гол разлика и поради тоа се наоѓа една позиција погоре.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Двата тима го „бркаат“ Манчестер Сити кој е лидер и не смее да си дозволи кикс во наредниот период. Токму поради натпреварот во сабота ќе биде исклучително интересен, а Тотенхем во овој натпревар би можел да биде ослабен за услугите на најдобриот играч и стрелец на овој тим, Хари Кејн.
Кејн не настапи во поразот на неговиот тим од Вест Хем во Лига купот, на прв поглед изгледаше дека Покетино го одмара, но сепак изгледа ситуацијата е нешто по сериозна.
„Ние мораме да го менуваме тимот, приморани сме да ротираме поради различни работи“, одговори Покетино на прашањето дали ќе го видиме Кејн против Манчестер Јунајтед.
Натпреварот помеѓу Јунајтед и Тотенхем се игра во сабота со почеток од 13:30 часот.