Дома Топ вести Петар Чех во Серија А?

Петар Чех во Серија А?

ceh

Ветеранот помеѓу статитвите не се наоѓа во прв план кај новиот менаџер на Арсенал.

Новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери не сака да го задржи Петар Чех на голот на „топчиите“, а негова наредна дестинација според медиумите би можела да биде Серија А.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интерес за услугите на легендарниот голман покажал тимот на Наполи.

Арсенал работи на доведување на голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено и јасно дека доколку овој трансфер се реализира Чех ќе го загуби статусот на прв голман.

Од друга страна, Наполитанците остануваат без Пепе Реина кој оди во Милан, а тренерот на италијанскиот вицешампион, Карло Анчелоти е добро запознаен со квалитетите на Чех бидејќи со него соработуваше една година во Челзи.

Оваа идеја наводно Анчелоти ја добил откако е јасно дека се далеку од своите примарни мети. ПСЖ не сака да го пушти Ареола, додека Анчелоти повеќе не покажува интерес за Салваторе Сиригу.

Договорот на Петар Чех со Арсенал истекува на крајот на наредната сезона и Наполи би можел да направи поволен договор со Арсенал и да го доведе на позајмица, а потоа и да го добие неговиот договор без оштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…