Претседателот на КФСМ Перо Антиќ оствари работна посета на Меѓународната Кошаркарска Федерација, на покана на Генералниот Секретар на ФИБА, Андреас Заглис.
На состаноците во просториите на ФИБА во Женева се говореше за поддршката од страна на ФИБА, за организација на младинските Европски првенства, за идните планови на Кошаркарската Федерација како и за бројните проекти за развој на млади и талентирани играчи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Генералниот Секретар на ФИБА му подари и врамен записник од првиот натпревар под капата на ФИБА на кој настапил Перо Антиќ. Станува збор за натпревар од 17.07.1999 година во рамки на Европското кадетско првенство кое се одржувало во Словенија.