Дома Трансфер зона Перишиќ две години подоцна дознал зошто му пропаднал трансферот во Манчестер Јунајтед

Перишиќ две години подоцна дознал зошто му пропаднал трансферот во Манчестер Јунајтед

Иван Перишиќ ова лето премина од Интер во Баерн Минхен иако се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед.

Перишиќ пред две сезони беше многу блиску до трансфер во Јунајтед, тогаш го го повикуваше Мурињо, но Хрватот остана во Интер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во разговор за британски „Тhe Atheltic“ Перишиќ откри како му пропаднал трансфер во Јунајтед поради пет милиони евра.

„Колку бев блиску? Многу блиску. Ми беше неверојатно што ме викаше Мурињо. На него тешко е да кажете не. Навистина сакав да заиграм за Манчестер Јунајтед и да му се придружам. Сепак, тоа не се случи. Ми беше тешко. Не сакам да влегувам во детали, но јас дури две години подоцна дознав зошто тој трансфер пропадна“, изјави Перишиќ.

Перишиќ во Баерн има силна конкуренција, меѓутоа бил свесен за тоа кога доаѓал.

„Баерн секогаш има четири ли пет играчи на сите позиции за кои се заинтересирани. Не бев единствен. Се се случи многу брзо. Сите ја знаат приказната: Сане се повреди и му пропадна трансферот, а клубот потоа го повика мојот агент. Размислив, разговарав со моето семејство и другиот ден донесов одлука“, изјави 30 годишниот Хрват.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Три англиски гиганти го сакаат Кварацхелија

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…