Според најавите на бразилските медиуми изгледа дека работата на релација Нејмар – Реал Мадрид стануваат сериозни.
„UOL Esporte“ тврди дека Нејмар на своите најблиски им признал дека во Париз се чуствува како за пет месеци да остарел пет години, дека времето никогаш не му минувало толку бавно и дека се на теренот и противниците се досадни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најнова вест кога во прашање е темаа е вмешувањето на познатиот агент и Пини Захави.
Израелецот од поодамна е близок со англиските клубови, пред се Челзи, но од неодамна е и во одлични односи со Флорентино Перез.
Захави наводно е ангажиран од страна на претседателот на Реал Мадрид со цел да издрјствува договор и да ги доближи двете страни. Се наведува дека Захави отпатувал и во Бразил со цел да разговара со Нејмар за неговите желби и услови.
Треба да се истакне дека Израелецот е еден од најдолговечните менаџери на трансфер пазарот и многумина сметаат дека ако некој може да го направи невозможното тогаш тоа е тој.