Mенаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека во овој момент може да смета на исклучително мал број играчи, па затоа ќе мора да користи и играчи од јуниорскиот погон.
Сити во четвртокот го совлада Бурнемоут во Лига Купот со 2:1. Пеп во тој натпревар на теренот испрати четири играчи од јуниорскиот тим – Лијам Делап, Томас Долја, Тејлор Харвуд-Белис и Адријан Бернабе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тие многу брзо би можеле да добијат шанса и во Премиер лигата. Пред се Делап, стрелецот на водечкиот гол.
„Лијам е поинаков тип на напаѓач, силен е и добар во завршницата. Воодушевен сум од неговиот настап. Не треба да заборавиме дека има само 17 години. Со оглед на тоа дека имам само 13 играчи на располагање тој ќе остане со нас. Ќе го користам и во наредните натпревари. Генерално, ќе ми бидат потребни момци од академијата“, истакна Гвардиола.
Сити својот натпревар во Премиер лигата ова коло го игра во недела кога ќе го дочека Лестер.