Пеп Гвардиола ја изгуби „трката“ со Ливерпул за Виргил Ван Дијк, но сепак е одлучен во намерата на „Итихад“ да пристигне централен дефанзивец.
Ван Дијк кој во текот на вчерашниот ден го комплетираше трансферот во Ливерпул беше голема мета на Пеп Гвардиола, па сега Каталонецот ќе мора да бара нови решенија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од Англија стигнуваат информации дека Пеп не се откажал од доведувањето на дефанзивец, и сега ќе се обиде да доведе еден од Иниго Мартинез и Џони Еванс.
Иниго Мартинез беше желба на Пеп уште додека настапуваше за Барселона. Неговата откупна клазула изнесува 30 милиони евра, што не би требало да претставува проблем за Манчестер Сити.
Како и да е јасно е дека капитенот Винсент Компани не може да врзе неколку натпревари во серија, а да не се повреди, а Пеп смета дека не може да ја изнесе сезоната со Отаменди, Стоунс и Мангала.