Дома Фудбал Пеп Гвардиола на дефанзивната линија потроши 450 милиони

Пеп Гвардиола на дефанзивната линија потроши 450 милиони

Манчестер Сити го донесе Рубен Диаз од Бенфика, со што дополнително ја засили дефанзивната линија.

Се чини дека одбраната е најголемиот проблем во Манчестер Сити, па овој тим во неделата прими дури пет погодоци на Етихад од Лестер (2:5).

Гвардиола го донесе Диаз за 68 милиони евра, а трансферот со бонуси може да чини и 81 милион.

Во ерата на Пеп на Етихад потрошиле околу 440 милиони само на дефанзивната линија.

Претходно беа донесени Стоунс од Евертон за 50 милиони, Менди од Монако за 57, Волкер од Тотенхем за 49, Лапорте за 62 од Атлетико, Кансело за 60 од Јувентус, за Данило беше платено 28, Ангелино 12 и ова лето пристигна Аке за 45 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го следи со месеци, Флик го сака во Барса: Штутгарт бара 40 милиони за Јелч

Фин Јелч е на радарот на Интер и Барселона, но Штутгарт поставува висока цена. Миланскиот …