Кадетската репрезентација на Македонија избори пласман во финалето на ЕХФ шампионатот откако денес со изведување пенали ја победија Швајцарија со 33:34.
Момците на Кирил Лазаров можеа да го решат натпреварот во регуларниот дел, но испуштија неколку шанси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До некаде половина од првото полувреме Швајцарија го диктираше темпото, но тогаш нашите млади момци направија серија од 5:0 и и поведоа со 7:10 на десет минути до крајот на првиот дел. На полувреме заминавме со предност од 13:15.
Откако стигнуваа на еден гол разлика Швајцарија успеа да дојде до изедначување во 50. (минута), на пет минути до крајот имаа и водство од еден разлика. Сепак, ние го вративме водството со два гола. Швајцарците изедначија на минута до крајот. Ние имавме напад за победа но не го реализиравме (28:28).
Во пенал серијата не беа доволни пет, па имаше нова серија во која Македонија беше подобра, во финалето ќе играме со Полска.