Дома Фудбал Репрезентации Пеле ги загрижи Бразилците: Мундијалот започнува за неколку дена, а ние немаме тим…

Пеле ги загрижи Бразилците: Мундијалот започнува за неколку дена, а ние немаме тим…

pele

Легендарниот, а според некои и најдобар фудбалер во историјата, Пеле ја даде својата проценка за репрезентацијата на Бразил на овој Мундијал.

Пеле уште еднаш го привлече вниманието на јавноста со своите изјави.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, човекот кој освои три Мундијалот во изјава за бразилските медиуми истакна дека неговата земја се уште не е калибар на репрезентација која може да го освои Мундијалот.

„Имам голема доверба во Тите, но ме згрижува една работа. Останаа уште неколку дена до почетокот на Мундијалот, а ние се уште немаме вистински тим. Имаме одлични индивидуалци, но немаме тим“.

„Нејмар е еден од најдобрите фудбалери во светот, созреа и сега има повеќе искуство, но сам не може да ни го донесе трофејот“, изјави Пеле.
Пеле не пропушти и да го спомене легендарниот тим на „Кариоките“ од 1970 година во кој и тој самиот беше член.

„Најсилен тим на Бразил беше оној од 1970 година, заедно работевме шест месеци и поради тоа бевме најдобри“, заклучи Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…