Дома Топ вести Паулињо ја напушта Барселона и заминува на добро познато место?!

Паулињо ја напушта Барселона и заминува на добро познато место?!

После добрата сезона во дресот на Барселона, Бразилецот Паулињо би можел да ја промени средината.

Изгледа дека трансферот е договорен, барем според информациите, на новинарот Жорге Никола. Паулињо после само една година во Барселона со која освои двојна круна во Шпанија би можел повторно да заигра во кинеската Суперлига.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Имено, тој на ваквиот потег се одлучил пред се поради тоа што би добил големо покачување, се очекува во Кина да добие 40% поголема плата, а исто така смета дека наредната сезона не би се наиграл на „Камп Ноу“. Да потсетиме Барселона наредната сезона ќе го има неговиот сонародник Артур.

Кога е во Барселона и тие би оствариле профит од 10 милиони евра, бидејќи сега би добиле 50, а минатата сезона го купија за сума од 40 милиони евра.

Трансферот како што споменавме наводно е договорен, а се очекува официјализирање пред завршувањето на Мундијалот бидејќи трансфер периодот во Кина завршува на 14 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…