Дома Кошарка Партизан се засили со Бразилецот Кабокло

Партизан се засили со Бразилецот Кабокло

Бразилскиот кошаркар Бруно Кабокло и официјално е нов член на белградскиот Партизан.

Бразилецот потпиша договор со Партизан до крајот на сезоната 2024/25, а во Србија доаѓа од Венеција каде што не се појави ниту на подготовките.

Кабокло во минатата сезона во дресот на германски Улм во Еврокупот имаше просек од 17,4 поени и 7,8 скока по меч, а во кариерата има играно и за четири клуба во НБА лигата.

Кабокло беше голема желба на тренерот Обрадовиќ и сигурно ќе биде големо засилување за клубот од Белград.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Навивачка пресметка пред „Јане Сандански“: еден повреден, еден приведен

Судир меѓу навивачи на МЗТ Скопје и Работнички заврши со болничко згрижување на едно лице …