Ѕвездата на Аталанта, Папу Гомез влезе во расправија со тренерот Гасперини и најверојатно ќе го напушти клубот во овој преоден рок.
Гомез е надвор од тимот, сака да си замине од Аталанта, но проблем е што клубот не сака да го пушти ефтино во директни конкуренти од Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Аргентинецот ако сака да го промени клубот во јануари ќе мора да се пресели во клуб надвор од Серија А.
Меѓутоа, проблем за него е што нема понуди од други клубови и единствен интерес е од Интер, Рома и Наполи.
Гомез преферира преселба во Интер, но Аталанта за неговата слобода бара 10 милиони евра, сума која „нероаѕурите“ не се спремни да ја платат.