Дома Македонски спорт Пад од четири позиции за Калин на АТП листата

Пад од четири позиции за Калин на АТП листата

Со завршување на викенд мечевите АТП листата во понеделник ја објави новата ранг листа, а оваа недела тројца македонски тенисери се наоѓаат на неа.

Нашиот најдобро рангиран тенисер Калин Ивановски со 131 поен (истокако и претходната недела), но има пад од четири места и се наоѓа на 366-та позиција.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Скок од 40 места има Гораз Србљак, кој сега е рангиран на 1117 место со 8 поени. Овој напредок кај Србљак се должи што неколку недели во континуитет има пласман во второто коло на фјучрс 15 турнирите. Пласман од нашите тенисери има уште Обрад Марковски, кој е на 1213 место со 6 поени и пад од 59 места.

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 583 место (пад 17 места) и четири поени помалку од пртеходното рангирање (86). Марковски е на 988 место со 32 поена (пад за пет позиции), додека Берк Бугариќ е рангиран на 1263 место со 16 поени, а има скок од 13 места. Без промена на рангот и поените е Србљак со 11 поени на 1453 место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…