Најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски на рангирањето по завршувањето на Австралија опен има пад од три места и сега се наоѓа на 329.то место на АТП ранг-листата со 157 поени или два помалку од претходното рангирање пред две недели.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Горазд Србљак има пад за 10 места со истиот број поени (10) и се наоѓа на 1067.то место, додека Обрад Марковски има скок за 10 места со три поени и е рангиран на 1445.то место.
Во конкуренција на двојки Ивановски има пад за девет места и се наоѓа на 685.то место со 71 поен. Берк Бугариќ е на 1351.то месо (скок за две позиции) со 16 поени.
Обрад Марковски има пад од 102 места и сега е на 1868.то место со пет поени (два помалку од пред две недели), а Елдин Хусеиновиќ има пад за пет места и се наоѓа на 2135.то место со 3 поени.