Попуштија и Англичаните, судиите на Островот од наредната ќе имаат дополнителна помош.
Падна и последниот бастион – од наредната сезона ВАР се воведува и во англиската Премиер лига!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Далеку од тоа дека е неочекувано. Англичаните како големи традиционалисти најдолго одолговлекуваа, но после големиот број судиски грешки од почетокот на сезоната беа принудени и тие да се одлучат на ваков потег.
ВАР во Англија беше тестиран на натпреварите од Лига Купот и ФА Купот, а изгелда дека клучен беше успехот на оваа технологија на Мундијалот во Русија. Премиер лигата денес потврди дека договор е постигнат и дека системот ќе се користи од август 2019 година.
Ќе потсетиме ВАР се користи веќе во шпанската, италијански и германската лига, попушти и УЕФА каде што ВАР во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе се користи од идната година.
BREAKING: @premierleague clubs agree in principle to introduction of VAR from next season. #SSN pic.twitter.com/cEn0mTXyg7
— Sky Sports News (@SkySportsNews) November 15, 2018