Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Франк Кеси.
Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот договор истекува во 2022 година, но Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Последните информации од Италија се дека двете страни се блиску до договор за продолжување на соработката до 2024 година.
Африканецот има понуди и од други клубови, но реши да му остане верен на „росонерите“ и наскоро ќе стави потпис на нов договор.