Барселона и Тотенхем постигнаа договор за трансфер на десниот бек Емерсон Палмери, пренесува „Скај Спорт“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако Барса ја одби првата понуда, Тотенхем испрати нова понуда и се доближи до сумата од 30 милиони евра, па каталонскиот клуб ја прифати.
Барселона го купи Емерсон пред речиси три години од Атлетико Минеиро, но тој играше на позајмица во Бетис претходните две сезони, каде што остави многу добар впечаток.
Тој досега одигра три настапи за Барселона оваа сезона, но Барселона поради финансиската состојба реши да го продаде.