Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ лично oтпатувал да преговара со Роберт Левандовски, меѓутоа полскиот голгетер останал на својот став.
Реномираниот „Билд“ тврди дека Салихамиџиќ закажал средба Пини Захави и Левандовски, а таа средба се случила во Мајорка каде што Левандовски е на одмор. Истиот извор наведува и дека патот на Салихамиџиќ бил залуден затоа што одговорот на Левандовски бил истиот – нема намера да продолжи во Баерн.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неговата желба е трансфер во Барселона. Каталонците веќе испратија една понуда од 32+5 милиони евра, меѓутоа се очекува да биде зголемена на 40-45 со што веројатно би се постигнал договор.
На средбата Левандовски му повторил на Салихамиџиќ дека не се чувствува мотивирано да игра за Баерн и сака нов предизвик во Барселона. Со тоа Салихамиџиќ се вратил во Минхен со негативен одговор.