Барселона доживеа нов шок. Актуелниот првак на Шпанија во 5. коло од Ла Лига е поразен кај Гранада со резултат 2:0.
Гранада уште во втората минута стигна до водство. Жуниор Фирпо направи кардинална грешка, која ја искористи Азиз за предност од 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Домашниот тим одлично играше во дефанзивата и на Каталонците не им дозволија да ја играат својата игра во фаза на нападот, додека секој нивен напад беше опасен за Барса.
На одмор се замина со водство на Гранада од 1:0, а на почетокот од вториот дел Валверде ги внесе во игра Ансу Фати и Лионел Меси.
Сепак, ниту овие измени не и помогнаа на Барса. Гранада во 66. минута повторно ја затресе мрежата на шпанскиот првак, a овој пат од пенал погоди Вадиљо за 2:0.
До крајот на натпреварот Барса не направи ништо посебно. Остана 2:0 за Гранада која барем на еден ден го презема врвот на табелата.
Од друга страна Барселона е на седмата позиција со само седум освоени бода, а уште еден кикс би можел скапо да го чини тренерот Валверде.