Дома Фудбал Италија Официјално: Јувентус и Аталанта ќе играат пред навивачи

Официјално: Јувентус и Аталанта ќе играат пред навивачи

Раководството на италијанската Серија А одлучи финалето од Купот на Италија да се игра со присуство на навивачи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус и Аталанта на 19. мај ќе играат на „Мапеи“ стадионот во Реџо Емилија каде што ќе одлучат кој оваа година ќе биде шампион во Купот на Италија.

Управата на Серија А одлучи да дозволи присуство на навивачи од 20% од капацитетот на стадионот, па според тоа на трибините ќе има 4.000 навивачи. Двата тима ќе добијат по 2.000 влезници за своите навивачи, а секако дека ова е добар чекор кон враќањето на публиката на стадионите во Италија.

Ќе потсетиме Италија беше помеѓу најпогодените земји од коронавирусот и за целата земја ова сигурно ќе биде голема работа.

Финалето од купот се игра во среда од 21:00 часо, минатата сезона овој трофеј го освои екипата на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Феран Торес кажал “да” на Пари Сен Жермен

Напаѓачот на Барселона, Феран Торес, ја дал својата согласност да се приклучи на Пари Сен …