Дома Трансфер зона Официјално: Тони Крос стави потпис!

Официјално: Тони Крос стави потпис!

Реал Мадрид официјално потврди дека Тони Крос потпишал нов договор.

Како и што беше најавено, Германецот ги прифати сите услови и потпиша нов договор на уште една сезона и многу веројатно е дека тогаш ќе ја заврши кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крос во Реал Мадрид пристигна од Баерн Минхен летото 2014 година за 25 милиони евра и се покажа како маестрален потег на кралевите со кои освои 20 трофеи, меѓу кои се и четирите титули во Лигата на шампионите и три во Ла Лига.

Во наредните денови се очекува нов договор со Реал Мадрид да потпише и Лука Модриќ, исто така на една година. Така Реал Мадрид би го комплетирал средниот ред, бидејќи пристигна и Џуд Белингам. Останува да се види дали клубот ќе го напушти Дани Себаљос, неговиот договор истекува на 30-ти јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…