Репрезентативецот на Македонија, Тихомир Костадинов ја продолжува кариерата во Пјас Гливици од Полска, тим со кој потпиша договор до 2025 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Костадинов се одлучи да го напушти Ружемборк каде што настапуваше во претходните четири сезони и сега 25-годишниот фудбалер од средниот добива нов предизвик.
„За мене ова беше лесна одлука. Сигурен сум дека правам чекор напред во кариерата. Пјаст е голем клуб и игра во силна лига, мило ми е што добивам ваква прилика. Се надевам ќе помогнам за подобри резултати на тимот“, изјави Костадинов.