Тоа што се најавуваше сега доби и официјална потврда – Тео Ернандез го продолжи договорот со Милан.
Дефанзивецот е еден од најдобрите фудбалери во таборот на „росонерите“ и сега стави потпис на нов договор со кој се обврзува на вереност до 2026 година. Во наредните години во Милано тој ќе заработува 4.5 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Потписот на Ернандез се најавуваше некое време, а ова секако е одлична вест за навивачите.
Од неговото доаѓање во Милано Ернандез запиша 108 настапи во кои постигна 19 гола и подели 18 асистенции.