Дома Трансфер зона Официјално: Тадиќ го продолжи договорот Ајакс

Официјално: Тадиќ го продолжи договорот Ајакс

Душан Тадиќ стави потпис на нов договор со Ајакс.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Српскиот фудбалер се поврзуваше со преселба во редовите на Милан, но до тој трансфер дефинитивно нема да дојде. Тадиќ потпиша нов договор со холандскиот гигант и сега е обврзан на соработка до 30. јуни 2024 година.

„Душан игра многу важна улога во нашиот тим. Како на теренот така и надвор од него, тој е вистински лидер. Фантастично е што ќе го задржиме во Ајакс на подолго“, изјави директорот на клубот Марк Овермартс.

Во редовите на Ајакс Тадиќ пристигна во 2018 година од Саутемптон и до овој момент одигра 149 натпревари и постигна 76 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…