Дома Фудбал Англија Официјално: Солскјер е нов тренер на Манчестер Јунајтед

Официјално: Солскјер е нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тоа што го најавија англиските медиуми денес доби и официјална потврда, Оле Гунар Солскјер е нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Поранешната легенда на „црвените ѓаволи“ доаѓа на местото на Жозе Мурињо и ќе ја извршува функцијата прв тренер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Можеме да потврдиме дека Оле Гунар Солскјер е назначен за тренер до крајот на сезоната 2018/19“, потврди англискиот клуб, а воедно додаде дека Норвежанецот во стручниот штаб ќе ги има Мајк Фелан, Мајкл Карик и Кјеран МекKен.

„Јунајтед е во моето срце и мило ми е што се враќам во клубот. Сакам да работам со овој талентиран тим, како и со вработените во клубот“, изјави Солскjер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еве како изгледа комплетниот костур во Лигата на шампионите (Фото)

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги издвои паровите за осминафиналето на Лигата на …