Meксиканецот Серхио Перез од денес и официјално е член на Ред Бул.
„Ред Бул потврдува дека Серхио Перез ќе биде во тимот покрај Маркс Верстапен за новата сезона во Формула 1“, стои во соопштението.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Перез во австриската екипа ќе дојде на местото на Алекс Албон кој наредната сезона ќе има улога на резервен и тест возач.
„Исклучително сум благодарен на Ред Бул што ми пружи шанса да возам за овој тим во 2021 година. Приликата да возам за тим кој конкурира за шампионската титула е нешто на кое се надевав од кога се приклучив во Формула 1. Горд сум што ќе возам за Ред Бул покрај Макс“, изјави Перез.
Местото на Перез во Рејсинг Понт ќе го превземе Себастијан Фетел.
Our line-up, 𝙘𝙤𝙣𝙛𝙞𝙧𝙢𝙚𝙙 🤝 @SChecoPerez will partner @Max33Verstappen for the 2021 #F1 season 💪 #HolaCheco 🇲🇽
— Aston Martin Red Bull Racing (@redbullracing) December 18, 2020