Дома Фудбал Англија Официјално: Серхио Агуеро стави потпис на нов договор

Официјално: Серхио Агуеро стави потпис на нов договор

aguero

Доколку го испочитува договорот Аргентинецот во Манчестер ќе остане цели 10 години.

Аргентинскиот напаѓач, Серхио Агуеро ја продолжи верноста кон Манчестер Сити до 2021 година. Се шпекулираше во претходните денови дека Гвардиола не го гледа во своите долгорочни планови, во текот на летото се пишуваше и за враќање во Атлетико, но со денешниот потпис ставен е крај на сите гласини.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мојата цел е да останам тука цели 10 години. Тука сум веќе седум, а кога новиот договор ќе заврши ќе заокружам на десет. Среќен сум, сите ме почитуваат од моментот кога пристигнав. Ги сакам моит соиграчи, тренерот и се што е дел од овој клуб“, изјави Агуеро.

Кун без никакви дилеми стана легенда на Манчестер Сити, а за тоа доволен е само овој факт: Пред шест години со неговиот гол во продолжението „граѓаните“ стигнаа до нивната трета титула во Премиер лигата после пауза од 44 години.

 

Покрај тоа тој во меѓувреме стана и најдобариот стрелец во историјата на клубот, во овој момент на своето конто има 204 погодоци.

Според новиот договор, Агуеро во Сити ќе добива 250.000 евра неделно. Ќе потсетиме, во Манчестер пристигна од Атлетико Мадрид за сума од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…