Реал Мадрид нема да ја испочитува традицијата и ќе одбие да направи шпалир за Барселона, ако Каталонците станат шампиони пред „Ел Класико“ кое на програмата е на 6-ти мај.
„Јас го донесов тоа решение и одлуката е конечна“, категорично потврди тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, а потоа објасни зошто донел таква одлука.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Барселона веќе ја наруши традицијата према нас, откако не ни ја укажа истата чест минатото лето во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија. Не сакаме повеќе да разговараме на таа тема“, јасно порача Зизу.
Зидан алудираше на натпреварот од 13-ти август на „Камп Ноу“, кој беше првиот меѓу двата клуба откако Реал ја освои Примера и Суперкупот на Европа.
На осум меча пред крајот Барселона има 9 бода предност пред Атлетико Мадрид и цели 13 бода пред Реал Мадрид.