Дома Трансфер зона Официјално: Реал Мадрид донесе бек од 40 милиони

Официјално: Реал Мадрид донесе бек од 40 милиони

Додека се очекува разврската за иднината на Кристиано Роналдо, Реал Мадрид е активен на трансфер пазарот и денес го потврди првото засилување за следната сезона.

Станува збор за десниот бек на Реал Сосиедад и шпански репрезентативец, Алваро Одриазола за кого „кралевите“ ќе ја платат откупната клаузула.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа го потврди Сосиедад на својата официјална страна, а само неколку минути подоцна и Реал Мадрид го потврди трансферот на Одриазола.

Лопатеги инсистираше на доаѓање на овој фудбалер бидејќи добро ги познава неговите квалитети и тој беше првиот кој го повика во репрезентацијата.

Одриазола ќе му биде конкуренција на Карвахал на десната бековска позиција и замена за младиот Хакими кој се пресели во Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …