Дома Фудбал Англија Официјално: Рашфорд стави потпис на нов договор

Официјално: Рашфорд стави потпис на нов договор

Маркус Рашфорд официјално стави потпис на нов договор и ја продолжи верноста со Манчестер Јунајтед до 2028 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Претходниот договор на Рашфорд истекуваше во 2024 година, па многу европски гиганти покажуваа интерес за него.

Меѓутоа, Рашфорд реши да им остане верен на „црвените ѓаволи“ и стави потпис на договор до 2028 година.

„Пристигнав во Манчестер јунајтед како седумгодишно момче со сон. Истата страст, гордост и посветеност ме носи секојпат кога ќе имам чест да го носам дресот. Веќе имав фантастични искуства во клубот, но има уште многу да се оствари и останувам посветен на ловот на трофеи во иднина. Како навивач на Јунајтед, ја знам одговорноста која ја носи овој дрес и ќе го дадам мојот максимум за да ги оствариме целите“, истакна Рашфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонски фудбалер доби овации од публиката на „Кошево“ (Видео)

Македонија вечерва игра пријателски дуел против Босна и Херцеговина, а еден наш репрезента…